Царинската управа во 2010 бележи пад на приходите од наплатата на царини и на акцизи. Лани од царини собрани се околу 81 милион евра што е за 10 проценти помалку во однос на 2009. Од акцизи собрани се 219 милиони евра или 17 милиони евра помалку во однос на 2009. Директорот на Царинската управа, Каргов, падот на наплатата на царини го правда со кратењето на царинските стапки за голем дел од стоката што се увезува. Десетина проценти беа пониски од минатата година, меѓутоа тоа и се антиципира, бидејќи знаете дека минатата година, исто така голем дел од царинските стапки беа намалени заради усогласувањето што го имавме со спогодбата за стабилизација и асоцијација. Исто така целосно функционирање на одредени добави за слободна трговија, именување на одредени движења на стоките, пред се на шеќерот.
Царинската управа во 2010 бележи пад на приходите од наплатата на царини и на акцизи.
Лани од царини собрани се околу 81 милион евра што е за 10 проценти помалку во однос на 2009.
Од акцизи собрани се 219 милиони евра или 17 милиони евра помалку во однос на 2009.
Директорот на Царинската управа, Каргов, падот на наплатата на царини го правда со кратењето на царинските стапки за голем дел од стоката што се увезува.
„Десетина проценти беа пониски од минатата година, меѓутоа тоа и се антиципира, бидејќи знаете дека минатата година, исто така голем дел од царинските стапки беа намалени заради усогласувањето што го имавме со спогодбата за стабилизација и асоцијација. Исто така целосно функционирање на одредени добави за слободна трговија, именување на одредени движења на стоките, пред се на шеќерот“, вели Ванчо Каргов, директор на Царинска управа.